Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белгија ја продолжува шестмесечната забрана за користење на TikTok од владини претставници

Забраната за користење на кинеската апликација за социјални медиуми TikTok на уредите на федералните министри и државните службеници ќе биде продолжена за шест месеци, соопшти белгискиот Национален совет за безбедност.

Белгија ја забрани употребата на TikTok за државните службеници од нивните официјални уреди на различни политички нивоа. Причината е загриженоста за начинот на кој апликацијата се справува со податоците на корисниците.

Федералната влада ја воведе привремената забрана во март, наведувајќи дека алгоритмите на апликацијата можат да манипулираат со протокот на информации и содржина. Според кинескиот закон, TikTok е обврзан да соработува со кинеските разузнавачки служби.

Кога беше воведена забраната, беше договорено таа да трае шест месеци, а потоа да се ревидира.

Кинеската компанија ByteDance, која е сопственик на TikTok, се најде на удар на критики откако технолошката фирма призна дека одредени вработени имале пристап до кориснички податоци од САД и Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен