Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, заедно со италијанската премиерка Џорџа Мелони, викендов ќе го посетат јужниот италијански остров Лампедуза, кој неделава беше преплавен од илјадници мигранти, соопшти денеска претставник на ЕУ.
Мелони го повика Брисел на помош по пристигнувањето на чамци со околу 8.500 мигранти за само три дена на малиот италијански медитерански остров, европското копно најблиску до брегот на Тунис.
Мелони ја покани Урсула фон дер Лајен да дојде и да види како се одвиваат работите во Лампедуза, а претседателот на Европската унија Шарл Мишел да го стави мигрантското прашање на агендата на самитот на ЕУ во октомври.
Премирката најави и дека Владата на Италија има намера да преземе „вонредни мерки“.
Од понеделникот до средата навечер на Лампедуза пристигнале 8.500 луѓе со 199 мали чамци од Африка, што е повеќе од бројот на жителите на тој остров, покажуваат податоците на агенцијата за миграција на ОН.
Вчера илјадници од тие мигранти беа префрлени на блиската Сицилија.
Вицепремиерот Матео Салвини го нарече доаѓањето на толку многу мигранти „акт на војна“.