Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тим на АРМ помогна во извлекување на петгодишно дете од урнатините во Турција

 Тимот на АРМ, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција на спасување на петгодишно дете од рушевините.

– По сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини, нашиот армиски тим заедно со турскиот тим за пребарување по шестчасовно расчистување на рушевините слушнале детски глас и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман од рушевините, информираат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново