Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во тек е повикот за проекти за меѓукултурен дијалог и за културна соработка на Западен Балкан со буџет од 1,1 милион евра

За уметниците и културните работници од Западен Балкан во тек е повикот за апликации за проекти во рамките на програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“ на ЕУ, што заеднички ја имплементираат УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка (AICS).

Повикот за предлог проекти во рамките на областите на култура и креативноста во Западен Балкан ги опфаќа следните четири теми:

– Подобрени локални културни простори преку подобрени јавно-приватни партнерства

– Уметници, медиумски професионалци и културни оператори мобилизирани, поврзани за да ја промовираат различноста на културните изрази во и од Западен Балкан

– Регионално вмрежување, соработка и промоција за подобрена културна продукција и пристап

– Заштита и искористување на културното наследство за одржлив развој

Вкупната вредност на средствата наменети за овој Повик е 1.128.000,00 ЕУР. Притоа учеството од апликантите е од 0% до 20% во зависност од висината на грантот (5000 – 80.000 ЕУР). Времетраењето на проектите ќе бидат најмногу осумнаесет (18) месеци.

Како апликанти можат да се јават и граѓански организации, фондации и непрофитни организации, регистрирани во еден или повеќе од ИПА проекти.

Краен рок за поднесување на апликациите е 31 март 2023 година, а на овој линк можат да се најдат сите неопходни информации за повикот.

Имплементаторите на повикот за апликации од областа на културата УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка (AICS), го спроведуваат овој проект како дел од програмата за проширување на ЕУ со Западен Балкан и има за цел да го промовира меѓукултурниот дијалог и да ја зајакне културната соработка во и со Западен Балкан.

Најново