Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

НАТО ќе испрати 1.000 контејнери во Турција

НАТО соопшти дека ќе испрати повеќе од 1.000 бродски контејнери во Турција за да помогне во обезбедување засолниште за преживеаните од земјотресот, пренесува МИА.

Ова полутрајно засолниште е способно да смести најмалку 2.000 луѓе раселени од земјотресите во Турција, соопшти на Твитер Здружената команда на силите на НАТО во Неапол.

Контејнерите, кои моментално се наоѓаат во италијанскиот град Таранто, ќе бидат испратени во Турција следната недела, соопшти Алијансата. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен