Два американски борбени авиони пресретнале четири руски воени авиони во близина на Алјаска, соопшти Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД), пренесува МИА.
Во коминикето се наведува дека „рутинското пресретнување“ се случило во понеделникот.
Руските авиони биле тешки бомбардери Ту-95 и ловци Су-35. Тие „останаа во меѓународниот воздушен простор и не влегоа во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор“, соопшти НОРАД.
Во соопштението се истакнува дека слична руска активност се забележува „редовно и не се смета за закана или провокативна активност“. (МИА)