Од под урнатините на зграда во јужниот турски град Кахраманмараш спасена е 42-годишната Мелике Имамоглу дури 222 часа по првиот разорен земјотрес, јави агенцијата Анадолија.
Имамоглу по 222 часа беше извлечена од урнатините во округот Оникишубат, Кахраманмараш, од тимовите за пребарување и спасување од Бурса.
Откако е извлечена од под урнатините, Имамоглу е згрижена од медицинските екипи.
Во Кахраманмараш, кој беше епицентар на разорните земјотреси со јачина од 7,6 и 7,7 степени, и други турски области погодени од земјотресот, продолжуваат напорите за пребарување и спасување на преживеаните од невидената катастрофа во во Турција загинаа најмалку 35.418 луѓе. (МИА)