Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен: Приоритет на САД и Косово е нормализација на односите со Србија

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека приоритетите на САД и Косово се зајакнување на безбедноста и стабилноста на Косово и на Западен Балкан, како и нормализација на односите со Србија, фокусирани на „заемно признавање“.

„Оваа година, САД и Косово го потврдија своето силно партнерство и заедничка посветеност на демократијата во Косово во соочувањето со новите предизвици во европската безбедносна средина“, рече тој по повод 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово.

„Напредокот на Косово во текот на 15-те години независност е извонреден по неговите големи чекори во развојот на стабилна, мултиетничка, инклузивна демократија“, се вели во честитката на Блинкен упатена до косовските власти, пренесува Танјуг.

Тој наведе дека Вашингтон силно го поддржува француско-германскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кој неодамна беше предложен со поддршка на Европската унија, со што значително ќе се подобри регионалната стабилност и евроатлантската интеграција.

Блинкен го пофали напредокот на Косово во „промовирање и подобрување на демократските вредности и зајакнување на институциите за добро владеење, владеење на правото и економски можности за сите граѓани“, беше објавено на официјалната веб-страница на Стејт департментот.

Тој изрази благодарност до Косово што обезбеди засолниште за мигрантите од Авганистан и за цврстиот одговор на бруталната, неиспровоцирана војна на Русија против Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен