Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен: Руските сили и официјални лица извршија злосторства против човештвото во Украина

Врз основа на внимателна анализа на законот и достапните факти, утврдив дека припадници на руските сили и други руски функционери извршиле злосторства против човештвото во Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

-Припадниците на руските сили егзекутираа украински мажи, жени и деца, мачеа цивили во заробеништво со тепање, електрошокови и лажни егзекуции, извршија силување и заедно со други руски претставници, депортираа стотици илјади украински цивили во Русија, вклучително и деца кои беа насилно одвоени од нивните семејства, истакна Блинкен, соопшти Стејт департментот.

Овие дела не се случајни или спонтани, тие се дел од широк и систематски напад на Кремљ врз украинското цивилно население, посочи тој.

-Сметаме дека злосторствата против човештвото се најтешки злосторства, нагласи американскиот државен секретар, додавајќи дека Москва нанела неверојатни нивоа на човечко страдање на украинското цивилно население.

Според него, САД се длабоко посветени да ги изведат припадниците на руските сили и другите руски функционери пред лицето на правдата за злосторства извршени против народот на Украина.

Блинкен истакна дека овие злосторства не можат да останат неказнети.

САД ќе бараат правда за народот на Украина се додека е потребно, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Зачлени се на нашиот е-билтен