Претседателот на САД Џо Бајден пристигна во посета на Киев

Претседателот на САД Џо Бајден пристигна во посета на Киев.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од оваа посета на неколку дена пред годишнината од воената агресија на Русија на Украина.

Од објавени фотографии и виде се гледа дека американскиот претседател е продружуван од Володимир Зеленски, претседателот на Украина.

Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина откако се појавија гласини дека висок функционер ќе дојде во ненадејна посета на Киев.

„Њујорк тајмс“ објави дека американскиот претседател Џо Бајден пристигнал во Киев по едночасовно возење со воз од границата со Полска. Беше снимен во главниот град на Украина заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски при посета на црква.

Весникот ја оквалификува посетата како „демонстрација на решителноста на неговата администрација во пресрет на едногодишната руска инвазија на земјата“

Зачлени се на нашиот е-билтен