Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(Галерија) Вевчански карневал 2024

Преку дефиле на маски со кои на сатиричен начин се прикажуваат случувања од политичкиот живот во земјава од минатата година, денес на пладне започна Вевчанскиот карневал.
Вевчанци денес “летаа за ЕУ” преку М НАВ, делеа вевчански лични карти и го прогласија Арачиново за музеј на “Никола Тесла”.


Поради трагичниот настан, изостана музичкиот дел на дефилето и забавниот програм во вечерните часови.

Верувањето е дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, која вечерва се слави според Јулијанскиот календар.


Утре, на Свети Василиј Вевчанци според традицијата одат во визити во семејствата каде го има името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и ги палат маските за да злото не се повтори. Вевчанскиот карневал е традиција стара околу 15 века.

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен