Во Берлин над 10.000 демонстранти против вооружувањето на Украина

Протести против снабдувањето на Украина со оружје за војната со Русија се одржаа денеска во Берлин на кои учествуваа над 10.000 луѓе, што наиде на критики од највисоките претставници на германската Влада.

Организиран од истакнати германски левичари, протестот со големо полициско присуство доаѓа еден ден по годишнината од руската инвазија врз Украина.

-Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега!…Затоа што секој изгубен ден чини до 1.000 животи повеќе – и не приближува до трета светска војна, објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.

Германија, заедно со САД, е еден од најголемите доставувачи на оружје за Украина.

Портпаролот на полицијата рече дека 10.000 луѓе се собрале кај Бранденбуршка порта во центарот на Берлин. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен