Владата донесе одлука со која пекарите се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

Министерот за економија Крешник Бектеши ја објави одлуката со која која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена.

Станува збор за Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што е донесена и објавена во Службен весник.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?