Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кулеба: Му кажав на Блинкен за нашите напори да ги изведеме руските лидери пред лицето на правдата

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба, по денешниот телефонски разговор со неговиот американски колега Ентони Блинкен, изјави дека американскиот државен секретар го информирал за разговорите на  вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индија.

„Му објаснив на мојот американски колега за нашите понатамошни чекори во врска со создавањето на специјален суд за злосторства за агресија против Украина. Тоа ќе биде нашиот следен голем потфат да обезбедиме дека руското раководство ќе одговара пред лицето на правдата. Координирана работа е клучот“, напиша Кулеба на Твитер.

Претходно во текот на денот, Стејт департментот ја пренесе пораката на Блинкен, наведувајќи ја континуираната американска поддршка за Украина бидејќи таа се брани од, како што вели, „бруталните руски напади, вклучително и континуирано таргетирање на цивилната инфраструктура што резултира со цивилни жртви“.

Зачлени се на нашиот е-билтен