Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иванов за Николоски: Тоа е потпалувачки говор за да поттикне меѓуетнички конфликти

Новинарот и аналитичар Зоран Иванов за „Локално“ го прокоментира, како што го нарекуваат „воинствениот говор“ на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Собранието. На говорот жестоко реагираа од Демократската Унија за интеграција, кои велат дека тој „поттикнува војна и меѓуетнички тензии“.

Тој оценува дека на Македонија баш не ѝ се пишува добро со вакви „собраниски“ политики“ од страна на највлијателните политички субјекти.

Зоран Иванов
Зоран Иванов

– Збор не слушнавме за реформи, за градење одржливи системи во сите сегменти, институции кои не ќе зависат од дневните политики. Во ваквите меѓупартиски глодања може да е вистина се` исто толку колку што може да биде се` невистина. Криминалот нема етничка боја па обвинувачите обвинувањата треба да ги достават до надежните институции и, притоа, на приговорите дека тоа не го прават будејќи се тие партизирани, еве им можност самите да си се запрашаат како дојде до нивна партизираност и кои се партиципиенти вложуваа во партизираност на државата, вели Иванов за „Локално“.

Смета дека немаме ништо од паушали освен непродуктивна „политичка забава“.

– Политичарите треба да се одговорни и да ги користат, а така и да ги јакнат, институциите за процесуирање на обвинувањата. Без тоа се е плитка, проѕирна партиска кампања од која страни таа и` да доаѓа, констатира соговорникот.

За говорот на Николоски во Собрание за кој дел од јавноста процени дека наликува на заплашување со нова војна, Иванов вели дека ништо не е обично.

– Реториките се продукт на креациите по партиските штабови. Дечкото е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од локалните избори наваму таму е се` подредено што поскоро да се дојде на власт. Да се запоседнат државниот буџет и институциите и да се подјармат под партиска директива. Веќе видено од стилот на владеење на оваа партија. Но таквите говори потпалуваат одредени кругови, иритираат нечии страсти па не би се изненадил ако наскоро на некој спортски натпревар или во градски автобус на меѓунационална релација меѓу младите повторно почнат да се случуваат режирани или спонтани меѓуетнички инциденти, смета новинарот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира