Автобус на ЈСП се запали во движење, возачот хоспитализиран на Токсикологија

Фото: Архива на Мета.мк
Фото: Архива на Мета.мк

Утрово во 07:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Автобусот бил управуван од возачот С.Б., кој успеал да го изгасне огнот. Потоа, тој бил пренесен на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за избувнување на пожарот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?