Лукаревска: Постојано ја намалуваме листата на должници и со тоа долгот кон државата

Во интервју за порталот Рацин.мк, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вели дека УЈП ја намалува листата на должници, а со тоа и долгот кон државата.

– Таа листа на должници постојано се менува. Еднаш едни компании влегуваат, други излегуваат. За почит е податокот во однос на она што значи долг по основ на ДДВ, од 2000 компании, односно 2000 должници, бројката е намалена на 1400, односно сме го намалиле долгот од 7 милијарди на 4,7 милијарди денари, вели Лукаревска.

Според евиденцијата на УЈП што ни ја пренесе директорката Лукаревска, кај данокот на добивка има намалување бројот на должници од 1400 на 800, и долгот е намален од 1,3 милијарди денари на 1,1 милијарда денари. Кај данокот на личен доход има намалување кај бројот на должници од 1500 и сега е 1000, а долгот од 1,6 милијарди денари е намален на 800 милиони денари, односно за половина.

– Сепак овие бројки не се доволни за нас и постојано работиме на тоа да имаме што помала листа на должници, Знам дека секогаш, кога и да ја објавиме, предизвикува огромен интерес кај јавноста. Имаме компании или должници коишто се неконтактибилни па бараме соодветни решенија. Ги имаме инструментите за присилна наплата, но одиме со оние, така наречени, меки механизми пред да стигнеме до фазата за присилна наплата, истакна во интервјуто за Рацин.мк директорката на УЈП Лукаревска.

Интервјуто со директорката на УЈП Сања Лукаревска во целост можете да го видите на овој линк.

Треба да знаете
Moже да ве интересира