Лукаревска: Со данокот на екстра добивка ја поттикнуваме општествената одговорност и солидарност

Во интервјуто за Рацин.мк ја прашавме директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска зошто се одложи донесувањето на новиот данок на екстра добивка и кои се сознанијата од дополнителните консултации со засегнатите страни со ова прашање.

– Разговаравме со сите засегнати страни. Бевме и на одделни состаноци со претставници на политичките партии за да го слушнеме и нивното мислење. Има неколку критериуми. Секоја компанија којашто има над 10 милиони евра добивка за 2022 година, односно има за 20% повисок профит во споредба со претходните 4 години ќе влезе во оваа рамка на еднократно оданочување. Имавме споредбени искуства со ваков модел во Хрватска, Велика Британија, Италија, ни рече Лукаревска.

Лукаревска објасни дека мерката ќе биде еднократна и законското решение се формира вез анализата на податоците за 2022 година што УЈП ги достави до Министерството за финансии и од нив произлегува дека повеќе од 100-тина фирми ќе бидат опфатени со оваа мерка.

– Ефектот ќе го видиме со тоа што делот тие средства коишто ќе се соберат ќе одат во фондови спречување или намалување на штетите од кризата. Ова не значи дека ние сакаме дополнително да ги оптеретиме компаниите, туку сакаме да ја поткренеме уште повеќе општествената одговорност којашто треба да ја има секој чинител во рамките на општеството, истакна во интервјуто за Рацин.мк директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Интервјуто со директорката на УЈП Сања Лукаревска во целост можете да фо видите на овој линк.

Треба да знаете
Moже да ве интересира