Нов голем пожар избувна во близина на Струмица, наредена евакуација на жителите од населбата Софилари

Струмица

Нов голем пожар избувна во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча каде огнот дојде во близина на куќите, но нема изгорени куќи освен една помошна просторија. Една постара жена била извлечена на сила бидејќи не сакала да излезе од својата викендица.

Последната вест од таму е дека е наредена евакуација на жителите од населбата Софилари.

Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пред малку изјави дека наредил евакуација на жителите од населбата Софилар, заради големиот пожар кој се шири со голема брзина и кој избувна околу пладне меѓу селата Баница и Водоча.

Пожарот го гаснат голем број пожарникари од Струмица и околните градови.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов претходно информираше дека на терен се пожарникари од Струмица, а побарана е помош и од противпожарните служби од Валандово и Радовиш.

Се уште активен и сериозен е и пожарот на подрачјето на Општина Студеничани, каде огнот се движи кон планинското село Цветово и постои опасност да зафати објект во кој, најверојатно, има трло.

Според директорот на ДЗС, активен е и пожарот во атарот на тетовското село Церово во општина Желино.

Досега на територија на цела држава регистрирани се 20-тина пожари од кои 11 се активни.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?