Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски фрли лопата на инвестицијата потпишана во мај минатата година, од владата на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска премолча дека, ‘фрлената лопата’ за изградбата на новата фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија Авеста, која предвидува отворање на 600 нови работни места, е инвестиција потпишана во мај, 2023 година од Владата на СДСМ.

Ова го обелодени поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Депостовски, кој на јавноста и соопшти дека, сепак е ‘позитивно што новата Влада го продолжува тоа што го започнавме’ и дека ‘континуитетот во реализацијата на вакви стратешки инвестиции е клучен за просперитетот на нашата земја. Ова покажува дека кога во работата ја ставате Македонија на прво место, придобивките се за сите граѓани’.

Деспотовски им честита на „Авеста Батерис енд Инжинеринг“ (АБЕЕ) за официјалниот почеток на градежните работи во ТИРЗ Кичево и велиж дека особено го радува што реализацијата на проектот се одвива според договорените рокови од Договорот за инвестиција, кој беше потпишан во мај 2023 година.

„Оваа инвестиција, со вкупна вредност од 40 милиони евра, претставува важен чекор за развој на регионот, носејќи над 600 нови работни места за нашите сограѓани. Ваквите проекти имаат директно влијание врз подобрување на животниот стандард на населението и отвораат нови перспективи за локалната економија. Од оваа фабрика сеочекува извоз од половина милијарда евра“, вели Деспотовски.

Тој посакува успешна и брза реализација на овој проект, со надеж дека ќе биде пример за многу други инвеститори кои веќе ја препознааваат Македонија како стабилна и атрактивна бизнис дестинација.

Денес пак, премиерот, Христијан Мицкоски, во својата изјава воопшто не спомена дека инвестицијата, изградбата на новата фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија Авеста, е потпишана од Владта на СДСМ.

„Извозот да биде до половина милијарда евра, максимално очекуваме за 6 до 7 години да порасне. На почетокот ќе биде нормално 50-тина милиони, тој ќе се развива“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

И додека фрла лопати на проекти од минатата влада, премиерот рече дека очекува годината да заврши со рекорден број на странски инвестиции. 

„Знаете дека очекуваме оваа година до крајот да ја завршиме со рекорден број странски инвестиции, во вредност од повеќе од 1 милијарда евра, со што ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот. И се враќаме повторно, но сигурно на мапата на инвеститорите иако досега би рекол 7 години бевме заборавени“, изјави Мицкоски, премиер.

Очекувањата на властите се дека со оваа инвестиција ќе се зајакне локалната економија и дека ќе придонесе за намален број на иселени млади од државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен