Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се крие ли зад записниците на Судскиот совет, „Сваровски судството“ на Мицкоски?

Додека премиерот Мицкоски ја бомбардија јавноста со информации дека полицијата упаднала во Судскиот совет, и запленила два записника, столче во Советот си обезбеди сопруга на сопартиецот, градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов. Новата судијка во Судски, е Данка Ристова, која до сега не се огласи во јавноста. Но, затоа пак, ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение тврди дека изборот на Ристова за член на Судскиот совет е направен согласно законските процедури, а нејзините професионални квалификации биле клучни за оваа функција.

Од СДСМ предупредуваат дека изборот на Данка Ристова, сопругата на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за член на Судскиот совет е потврда за партизација и враќање на „Сваровски судството“ кое ќе биде продолжена рака на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ со месеци предупредува и ова не е изолиран случај, туку јасна стратегија на Мицкоски и неговата партија да ја уништат независноста на судството. Како што беше во времето на Груевски, така и денес, ВМРО-ДПМНЕ сака судиите да бидат само пиони кои ќе носат одлуки според партиски директиви. Се враќа мракот од минатото, кога правдата беше заглушена, а граѓаните беа сведоци на најгрубото кршење на владеењето на правото“, пишува во соопштението на СДСМ.

Според социјалдемократите, ВМРО-ДПМНЕ, наместо да обезбедат правда и реформи, го враќа судството во своите раце – создавајќи партиска „институција“ која ќе биде обвинител, судија и егзекутор.

„Граѓаните и СДСМ не смеат и нема да дозволат узурпација на правдата. СДСМ ги повикува сите граѓани, независни експерти, правосудни работници и граѓански организации да застанат цврсто против оваа узурпација. Ова е момент кога сите заедно мора да покажеме дека правдата не смее да биде злоупотребена, дека судството не смее да биде алатка во рацете на ниту една политичка партија. Македонија мора да оди напред, кон независен, транспарентен и професионален правосуден систем кој ќе им служи на граѓаните“, пишува во соопштението испратено до медиумите.

Зачлени се на нашиот е-билтен