Албанската Централна изборна комисија (ЦИК) распредели над 1,3 милион евра на политичките партии кои учествуваат на парламентарните избори на 11 мај.
Според одлуката на ЦИК, средствата се распределени според застапеноста на партиите во актуелниот парламентарен состав.
Опфатени се 11 политички субјекти при што најголем износ добива владејачката Социјалистичка партија односно над 656.000 евра и опозициската Демократска партија 444.000 евра.
Партијата на слободата ќе добие околу 90.000 евра, додека Социјалдемократската партија и Републиканската партија 30.000, односно 20.000 евра.
На изборите на 11 мај учествуваат 11 политички субјекти и коалиции. Само коалиција „За величествена Албанија“ предводена од демократите ја сочинуваат 25 политички партии.