Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД воведија санкции против Иванишвили, основач на владејачката партија на Грузија

САД воведија санкции против Бидзина Иванишвили, основач и почесен претседател на владејачката партија „Грузиски сон“, поради поткопување на демократската и евроатлантската иднина на Грузија и работа  во интерес на Русија, соопштија денеска од Стејт департментот.

-Иванишвили и  „Грузиски сон“ ги поткопаа демократските институции, овозможија злоупотреба на човековите права и ограничување на основните слободи во Грузија. Покрај тоа, тие ја закочија евроатлантската иднина на Грузија, иднина што е посакувана од  огромно мнозинство на народот на Грузија и која е пропишана во грузискиот устав, се вели во изјавата државниот секретар Ентони Блинкен.

Тој истакна дека како резултат на дејствата на Иванишвили, Грузија станала ранлива наспроти Русија, која окупира повеќе од 20 проценти од нејзината територија.

Шефот на Стејт департментот ги осуди континуираните брутални репресии врз граѓаните на Грузија како демонстрантите, претставниците на медиумите, активистите за човекови права и опозиционерите.

Блинкен потсети дека САД се заложуваат на тоа да се повикаат на одговорност сите оние кои што ја поткопуваат демократијата и ги прекршуваат човековите права. 

Зачлени се на нашиот е-билтен