По повод изборот на втората највисока позиција во Алијансата, новата заменик генерална секретарка на НАТО Радмила Шекеринска денеска организираше прием. На приемот присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, американската амбасадорка Анџела Агелер, амбасадори од речиси сите земји членки на НАТО, поранешни и актуелни политичари, новинари и експерти од невладиниот сектор.
Шекеринска во својот говор им се заблагодари на сите политички чинители за поддршката на нејзината кандидатура. Ги изрази своите заложби за нејзиното идно дејствување и оцени дека нејзиниот избор е успех за целата држава која пред само 4 години стана земја членка а сега има свој претставник во највисокото раководство на Алијансата.
“Секој сам сме губитници а заедно сме посилни”, рече во говорот во кој повика на обединување околу заедничките цели.
Шекеринска со овој избор е највисоко позициониран политичар од земјава на меѓународната сцена.