Во Министерството за европски прашања се финализираат плановите за преговарање

Се финализираат стратешките преговарачки планови во Министерството за европски прашања за 2025 година. Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани рече дека станува збор за една комплесна операција, која ќе треба да ангажира меѓу 1000 и 1200 експерти од администрацијата и од пошироко/

„Ги добиваме речиси сите скрининг извештаи, од 6 кластери 5 се веќе добиени и таму има одредени препораки кои оваа структура мора да ги стави во функција, да им ги додели на институциите за да можат да работат на спроведување на реформите“, рече Муртезани.

Тој вели дека интензивно се работи на зајакнување на инфраструктурата и реализација на ИПА програмите.

„Таму има голем простор за зголемување на капацитетот на апсорпција, редовно имплементирање на препораките и обврските од структурата на стабилизација и асоцијација, што е основа на целиот евроинтегративен процес и што е најбитно за Планот за раст. Потоа ја финализираме одлуката за воспоставување на структурата, бидејќи како што знаете со одлука на Влада имаме само поставен национален координатор, односно јас, за спроведување на реформата, меѓутоа ќе ни треба комплетен систем за имплементација, мониторинг и евалуација, за да сме сигурни дека процесот на спроведување на реформската агенда оди како што треба и ако некаде се соочуваме со одреден проблем да имаме можност брзо да интервенираме“, вели Муртезани во интервјуто за МИА

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?