Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави голем собир во Сремска Митровица на многу необичен начин – подготвувајќи сендвичи. Во видеото, Вучиќ изјави:
„Синиша ќе купи плескавички и ќебапи за луѓето што патуваат со воз, јас останувам доследен на традицијата и решив да спремам 20 сендвичи. Тоа ќе биде мој подарок за луѓето што патуваат за Митровица.“
Претседателот појасни дека, иако некои трошоци не ќе бидат платени од страна на партијата, најголемиот дел ќе биде покриен од партискиот буџет. Тој истакна дека нема никаква вмешаност од странски фондови како што се USAID или NED.
„Кај нас се знае – кој плаќа, кој не плаќа, понешто плаќаме ние, најголемиот дел го плаќа партијата, но она што е многу поважно, не плаќаат ни USAID, ни NED, ниту некој друг. Кај нас нема некоја голема гозба – мајонез, сирење, малку шунка, понекаде паризер, и мислам дека луѓето ќе бидат многу задоволни. Но ние сендвичарите денес имаме многу важна задача, а тоа е да ја одбраниме Србија од тие што сакаат да ја уништат“, додаде Вучиќ.