Директорот на ЦИА наводно предложил средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, наводно предложил трилатерален состанок меѓу претседателите на САД, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски, објави веб-страницата „Аксиос“.

Според информирани извори објавени од американската веб-страница, американските претставници го информирале Зеленски за овие разговори во петокот.

Идејата за таков самит веќе ја изнесе администрацијата на Трамп.

Зеленски наводно се согласува со тоа, додека Путин досега го отфрлува таквиот предлог.

Киев, од своја страна, останува скептичен кон руските намери и тврди дека Москва подготвува нова офанзива во северна Украина.

Американските медиуми, „Волстрит џурнал“ и „Си-Би-Ес“ објавија дека Ратклиф неодамна отпатувал во Русија за да се сретне со шефот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, со цел „да испрати предупредување до Русија против каков било напад врз земјите од НАТО“.

Кремљ претходно објави дека Ратклиф разговарал во Москва со своите колеги од разузнавањето и додаде дека не се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин, кој, секако, бил информиран за состанокот.

Трамп рече дека Ратклиф бил во „полурутинска посета на Москва“.

„Тоа беше полурутинска посета… Би сакале војната во Украина да престане“, рече Трамп.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?