Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поддршката на граѓаните на ЕУ за Украина останува непроменета една година по почетокот на војната

Речиси една година по почетокот на руската војна во Украина, симпатиите на Европејците кон Украинците не ослабуваат, покажуваат податоците од истражувањето на Евробарометар што денеска ги презентираше Европската комисија.

Се подразбира дека ова се однесува и на поддршката за активностите преземени за помош на Украина и Украинците. Граѓаните на ЕУ во голема мера го поддржуваат забрзувањето на енергетската транзиција, инвестициите во обновливите извори и активностите за намалување на зависноста на ЕУ од руските енергетски превозници, се вели во соопштението на Комисијата.

Речиси сите (91 отсто) од анкетираните го одобруваат обезбедувањето хуманитарна помош за Украина, а 88 отсто поддржуваат прифаќање на Украинците кои бегаат од војната. Одобрување од 77 отсто е пријавено за обезбедување финансиска поддршка за Украина, а 74 отсто поддржуваат воведување економски санкции против Русија. Европејците продолжуваат со големо мнозинство да ја поддржуваат забраната за емитување на руските државни медиуми во ЕУ (67 отсто), а 65 отсто го одобруваат финансирањето на ЕУ за купување и испорака на воена опрема за Украина.

Со одговорот на ЕУ на војната е задоволно мнозинството (56 проценти) од европските граѓани. Според 84 отсто, ЕУ треба што побрзо да ја намали зависноста од руските енергетски извори.

Истражувањето покажува дека европските граѓани најмногу ги загрижува растот на цените (32 отсто, два отсто пад), меѓународната ситуација (28 отсто), снабдувањето со енергија (26 отсто, пад од два отсто).

Помалку од половина од Европејците (47 проценти) и веруваат на ЕУ, а само еден од тројца (32 проценти) и верува на својата национална влада. Помалку од половина (45 проценти) од Европејците имаат позитивен став за ЕУ, 36 проценти – неутрален, а 18 проценти – негативен. Мнозинството (62 отсто) велат дека се оптимисти за иднината на ЕУ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира