Германската фидбалерка Лена Обердорф се пожали на воајеризам на женските натпревари и на видеа создадени преку вештачка интелигенција (АИ) на социјалните мрежи.
Таа рече дека нашла и видео „каде еден дечко од Волфсбург зумирал со својот мобилен од трибините кога девојките се истегнувале“.
23-годишната играчка на Баерн Минхен рече дека понекогаш и таа мисли дека лежењето на тревата е неповолна позиција.
Гледајќи ги социјалните мрежи, Обердорф се пожали на различни форми на видеа.
„Кога одам на „Тикток“ по натпреварот, гледам и сто монтирани видеа. Кога ќе го подигнам дресот за да ја избришам потта, имам пет уредувања од тоа, со таква секси музика, каде што си мислам: уфф…“, рече таа.
Има и видеа со вештачка интелигенција каде што таа вели дека е сведена на предмет, и едно со соиграчот Жил Брант „каде ја бакнувам – и мислам дека сега е доволно“.