Почина папата Франциск


Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти поднесе оставка.

Последните години од неговиот понтификат беа одбележани со бројни престои во болница и постојана грижа за неговото здравје.

На 14 февруари Папата беше примен во болница на лекување на бронхитис.

Во деновите што следеа, Ватикан соопшти дека му била дијагностицирана билатерална пневмонија и дека му била извршена трансфузија на крв, откако тестовите покажале ниски нивоа на тромбоцити, поврзани со анемија.

На 22 февруари Ватикан објави дека папата е во критична состојба по „продолжена респираторна криза“ која бара давање на големи количини кислород, а следниот ден беше објавено дека папата развил блага бубрежна инсуфициенција.

Зачлени се на нашиот е-билтен