Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за кого имаше пофални зборови.
„НАТО се подобрува благодарение на овој човек. Овој човек знае како да ги подигне работите на следното ниво. Ние ја имаме истата цел. Сакаме војната да заврши, а тој си ја врши работата. Тој знае како добро да ја заврши работата, тоа е сигурно. Затоа се борев за тој да ја добие работата, бидејќи имаа некои други кандидати кои, верувајте ми, не би завршиле добро“ рече Трамп.
Американскиот претседател потоа повтори дека САД трошат премногу за одбрана, иако се „од другата страна на океанот“. Но, тој додаде дека новиот договор за минерали со Украина „ќе донесе нешто за возврат,“, иако се пожали дека Европејците „се однесуваат многу неправедно со САД“.
На крајот се обиде да и даде оптимистички тон на ситуацијата: „Мислам дека ќе се случат добри работи.“