Четири лица загинаа, а нивните тела се пронајдени по лавината на планината Брод Пик, во северен Пакистан, потврди министерот за туризам, Џилџит Балтистан.
Две тела се идентификувани, а преостанатите две се во постапка на идентификување, објави Би-би-си.
По лавината од вчера десет планинари се водеа за исчезнати, а сега по шест од нив сè уште се трага.
Експедицијата, врз која се спушти лавината, се состоеше од шест непалски алпинисти, еден Американец, еден Пакистанец, еден Оманец и еден Кинез.
На американската Мелори Грејс ова ѝ беше првиот обид да искачи планина повисока од 8.000 метри, а на пакистанскиот алпинист Сохаилу Сакиџу му беше последен, наведуваат туристичките агенции преку кои допатувале во земјата.
Меѓу исчезнатите е Нирмал Пурџа, познат како Нимс Даи, едно од најпознатите имиња на современото планинарење. Тој е најпознат по својот светски рекорд во 2019 година кога за шест месеци се искачи на 14 од највисоките врвови во светот.
