Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дрекслер за 360 степени: Идната влада да покаже дека ги почитува договорите и дека е доверлив партнер

Во интервју за 360 степени, Амбасадорката на СР Германија во земјава, Петра Дрекслер, зборува за постизборните предизвици со кои е соочена државата. На прашањето дали промените на политичката сцена кои ги донесоа изборите и дали тоа нешто менува во односот на Германија кон земјава, амбасадорката се осврнува на сојузништвото и партнерството на Северна Македонија и СР Германија и тесната поврзаност на двете земји.

„Најпрвин нашите две држави ги поврзува сигурно партнерство како сојузници, во НАТО сме тесно поврзани, потоа преку поврзаноста на нашите економии, преку тесна размена на сите нивоа на нашите општества, на пример, и преку нашите парламенти. И секако сакаме да имаме блиска соработка и со идната влада, на Северна Македонија, што допрва треба да се формира. Ќе биде важно дали идната влада ќе ја продолжи јасната стратешка насока во надворешната политика на земјата и дека решително и доверливо ќе ги спроведе потребните чекори на патот кон ЕУ“, вели Дрекслер.

На прашањето дали може да се бара и очекува да се добие она што го бара ВМРО-ДПМНЕ , промена на условите и гаранции на т.н идентитетски прашања, за да ги поддржи уставните измени, амбасадорката Дрекслер посочува на предочувањето во континуитет изминатиот период од нивна страна, за постоечката Преговарачка рамка.

„Мислам дека од германска страна постојано предочувавме колку многу ги цениме македонскиот идентитет македонската култура, и македонскиот јазик. Тоа г нагласи уште еднаш и Бундестагот, минатата година со резолуција. И мислам дека токму преку пристапниот процес со ЕУ, , македонскиот јазик доби особено на значење и надвор од своите граници. Истовремено, исто така јасно Северна Македонија со сите земји, членки на ЕУ, се спогоди за преговарачката рамка, за пристапните преговори со ЕУ. Оваа преговарачка рамка, е утврдена и туѓа спаѓа и спроведувањето на уставните промен

На прашањето дали може да се бара и очекува да се добие она што го бара ВМРО-ДПМНЕ , промена на условите и гаранции на т.н идентитетски прашања, за да ги поддржи уставните измени, амбасадорката Дрекслер посочува на предочувањето во континуитет изминатиот период од нивна страна за постоечката Преговарачка рамка.

„Мислам дека од германска страна постојано предочувавме колку многу ги цениме македонскиот идентитет македонската култура, и македонскиот јазик. Тоа го нагласи уште еднаш и Бундестагот, минатата година со резолуција. И мислам дека токму преку пристапниот процес со ЕУ, македонскиот јазик доби особено на значење и надвор од своите граници. Истовремено, исто така јасно Северна Македонија со сите земји, членки на ЕУ, се спогоди за Преговарачката рамка, за пристапните преговори со ЕУ. Оваа Преговарачка рамка, е утврдена и тука спаѓа и спроведувањето на уставните промени“, посочува Дрекслер.

Во интервјуто за 360 степени германската амбасадорка истакнува дека Северна Македонија може да се потпре на понатамошната поддршка на Германија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира