Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Хирингот“ е виновен за изјавата на Кос дека очекува Македонија да го промени Уставот

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање, за тоа како ја коментира изјавата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, дека од Македонија очекува уставни измени, и „ништо повеќе и ништо помалку“, рече дека ја разбира еврокомесарката, бидејќи требало да го помине „хирингот“ за кој гласаат и европратениците од нашиот источен сосед.

„Јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички разговори, по 2,5 децении, патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен. Ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме,“ рече Мицкоски.

Словенката Кос, на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура, за нов еврокомесар за проширување, кажа дека очекува Македонија да го промени уставот, и дека не е реално повторно да се преговара за Преговарачката рамка.

„Она што е прифатено – треба да биде исполнето. Тоа е предуслов и на тоа ќе работиме со Северна Македонија. Очекуваме земјата кандидатка Северна Македонија да го промени Уставот, како што беше ветено“, рече Кос, во Европскиот парламент во Брисел.

Премиерот Мицкоски, пак денеска порача дека „мора да не биде, и ќе не биде“, дополнувајќи дека својот оптимизам го црпи од реализираните средби во изминатите пет месеци со релевантни светски лидери.

Разговорите со францускиот претседател Макрон, премиерот ги квалификува како суштински дијалог, бидејќи освен за македонските евроинтеграции, разговарале и за заеднички проекти во областа на економијата, инфрастурткруата, здравството,…

Од Елисејската палата, за средбата Макрон-Мицкоски која се одржа на маргините на петтиот Самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се одржа во Будимпешта, пак, информираа: 

„Двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Северна Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. Претседателот на Републиката ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, притоа почитувајки ги нејзините меѓународни обврски“, пишува во соопшението од Елисејската палата.

Зачлени се на нашиот е-билтен