Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ховениер: САД имаат целосна доверба во ЕУ и посредниците во косовско-српскиот дијалог

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер порача дека САД имаат целосна доверба во Европската унија во однос на посредувањето во дијалогот меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во неговото обраќање на отворањето на второто издание на Самитот на мирот и деморатијата што се одржува во Приштина, Ховениер им изрази доверба и на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и на специјалниот посредник на ЕУ за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак.

– САД имаат целосна доверба во ЕУ во нејзиното посредување во дијалогот. САД имаат целосна доверба во високиот претставник Борел и специјалниот претставник Лајчак, како објективни спроведувачи на оваа политика, рече Ховениер.

Тој нагласи дека дијалогот што го води ЕУ е единствениот пат за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Изјавата на Ховениери доаѓа два дена откако премиерот на Косово, Албин Курти, упати обвинувања против Лајчак, кого го опиша како едностран посредник.

Курти рече дека за време на последната рунда од дијалогот, одржана во Брисел на 14 септември, се видело дека има координација меѓу Лајчак и претседателот на Србија, Александар Вучиќ за да се создаде, како што рече, „алтернативно сценарио, каде што половина од договорот се применува“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира