Македонија е меѓу најдобрите земји за живот во Европа

Северна Македонија е на 24 место на листата на европските земји според можностите за убав живот.

My Dolce Casa, еден од попознатите американски магазински портали посветен на преселбите, убавото живеење и пензионерското доба, ја стави Северна Македонија на 24 место од 33 земји во Европа, според можностите за убав живот.

Зад Северна Македонија се Белгија, Норвешка, Франција, Италија и многу други држави, а меѓу петте најпожелни држави се Шпанија, Португалија, Холандија, Словенија и Хрватска.

Истражувачкиот тим на My Dolce Casa ги идентификуваше оние земји во Европа кои нудат комбинација од одличен квалитет на живот и разумни трошоци врз основа на формула која ги зема предвид најниските трошоци за живот за највисокиот квалитет на живеење, користејќи ги најновите податоци на Нумбео, најголемата светска дата база за трошоци за живот.

Во текстот за ова рангирање се вели декја за повеќето луѓе кои сакаат да се преселат во Европа, трошоците за живот се меѓу најважните фактори што ги разгледуваат, исто толку важен како и квалитетот на животот. Швајцарија можеби е прекрасна, но проблемот е што просечниот иселеник не може да си дозволи да живее во Швајцарија, дури ни американските иселеници, пишува My Dolce Casa.

Преземено од My Dolce Casa

Треба да знаете
Moже да ве интересира