Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Муцунски се сретна со грчката амбасадорка, ја уверувал во добрососедски односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.

На средбата, Муцунски изразил уверување дека земјава е силно посветена на натамошно унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка со Грција, пред сѐ како НАТО партнери и сојузници, стои во соопштението на МНР.

Муцунски истакнал дека наш интерес е градење добрососедски односи во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот. Земјава останува определена кон натамошно унапредување на билатералните односи, преку отворен дијалог за сите прашања од заемен интерес, а во функција на нејзино збогатување со нови содржини и во полза на просперитетот и благосостојбата на граѓаните од двете земји.

„Соговорниците го реафирмираа интересот за интензивирање на економската соработка, бидејќи Грција е меѓу петте земји со кои Република Северна Македонија оствари најголем обем на трговска размена во изминатата година“, стои во соопштението.

Треба да знаете
Moже да ве интересира