Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мултимедијална програма „Тетовирани импресии“ во чест на Горан Стефановски

Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ) го слави творештвото на уникатниот Горан Стефановски со мултимедијална програма насловена „Тетовирани импресии“, која ќе се одржува од 27 март до 27 април.

Во програмата организирана од ФДУ учествуваат соработници, колеги и новите „наследници“ на Горан Стефановски – студентите кои ги продолжуваат неговите приказни. Тие ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на факултетот.

Инспирација која нé поттикнува кон подобро и повеќе уште од нашата „Бушава азбука“. И од „Јане Задрогаз“, преку „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Чернодрински се враќа дома“…, сè до „Огнени јазици“. Од нивното запознавање, разбирање, препрочитување и поставување, до одново станување и борење за она што е вистински наше, велат од ФДУ.

„Тетовирани импресии“ ќе започнат со одбележување на Денот на театарот на 27 март. Во рамки на програмата публиката ќе може да види испитни претстави и етиди по текстови на Стефановски, проекции на филмови по негови сценарија, презентација на документарен филм посветен на неговото дело, потоа ќе може да слушне како изгледала соработката со Горан преку дискусии со неговите долгогодишни соработници, а и музичка програма во соработка со студенти од Факултетот за музичка уметност.

Програмата ќе се заокружи на денот на неговиот роденден, 27 април. Влезот за сите настани е слободен.

Деталите за секој настан ќе бидат дополнително објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на Факултетот за драмски уметности

Треба да знаете
Moже да ве интересира