Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку 53 новинари загинаа во конфликтот меѓу Израел и Хамас од 7 октомври

Бројот на новинари убиени во конфликтот меѓу Израел и Хамас од 7 октомври е зголемен на најмалку 53, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, пренесува Си-Ен-Ен.

Бројот на загинатите се состои од 46 Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци, се вели во соопштението на Комитетот во вторник.

Последните новинари кои ги загубија животите беа репортер и фоторепортер и двајцата работеа за либанскиот медиум Ал Мајадин. Тие беа убиени во израелските напади врз јужен Либан во вторникот, се вели во соопштението на Ал Мајаден.

Од израелската војска соопштија дека го разгледуваат инцидентот.

Групата за застапување на новинарството вели дека конфликтот од 7 октомври е најсмртоносниот период за новинарите откако почна да ги следи податоците во 1992 година.

„Комитетот за заштита на новинарите , исто така, истражува бројни непотврдени извештаи за други новинари кои биле убиени, исчезнати, приведени, повредени или загрозени“, се додава во соопштението.

Извор (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира