„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември

„Нешто што ќе остане“

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември!

Поради најавените временски неприлики за викендот, музичкиот хепенинг наместо на 12 септември ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, од 20 часот, во Паркот на Франкофонија, информираат од Општина Центар, организатори на овој познат настан за скопјани.

Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона се подготвени за одлична вечер, а низ програмата ќе нè води Сашко Коцев. Сè останува исто, само се гледаме еден ден порано, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Центар горан Герасимовски

Заедно славиме 50 години Општина Центар и создаваме уште едно „Нешто што ќе остане“ на 11 септември во 20:00 часот во Паркот на Франкофонија, порачуваат организаторите.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?