„Лозарите не беа заборавени ни во кризите. 6,5 миилиони евра се исплатија кон лозарите само во КОВИД кризата. Поддршката продолжи и пост-ковид. Ја креиравме и програмата за интервентна поддршка каде со нови пари, кои претходно не беа во земјоделството, лозарите добиваа зголемена поддршка“, истакна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Неготино.
Тој додаде дека се гордее со измените на Законот за вино со кои сега и физички лица може да се регистираат за производство на вино и се направи бум од развојот и растот на мали семејни винарии, од кои најмногу се во Неготино и Кавадарци.
„145 винарии има одо вој регион кои за прв пат добија по 10 илјади евра грант за набавка на опрема и наместо да се мачат за тоа каде да го дадат своето грозје, овозможивме мерки и политики“, рече Николовски.
Тој додаде дека политичките опоненти сакаат да ги укинат овие мерки, но СДСМ ветува дека поддршката ќе расте и ќе се дуплира.
„Само во 2023 година имаме регистрирано нови 100 мали семејни винарии. Тоа е огромна поддршка за целиот регион и ќе продолжиме да даваме акцент на развојот на овој сектор“, порача Николовски.