Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

О’Брајан и Лајчак разговараа за настаните на Западен Балкан и за очекувањата за претстојниот период

 Претставниците на САД и Европската унија, Џејмс О’Брајан и Мирослав Лајчак, во Брисел разговараа за настаните на Западен Балкан и за очекувањата за претстојниот период.

Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, на „Икс“ објави дека се сретнал со О’Брајан, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, без да даде детали.

„Секогаш е задоволство да се биде домаќин на Џејмс О’Брајан во Брисел. Разговаравме за развојот на настаните во Западен Балкан и нашите очекувања за наредниот период“, наведе Лајчак, кој наскоро треба да ја напушти функцијата специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, а кој ќе го наследи ќе се знае по формирањето на новата Европска комисија. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира