Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Половина милион луѓе во Газа се уште се соочуваат со катастрофален глад

Речиси половина милион луѓе се уште се соочуваат со катастрофало ниво на глад во Газа, се нагласува во извештајот на Класификацијата на фазата на безбедност на храната (Food Security Phase Classification, IPC), агенцијата што ја следи глобалната безбедност на храната.

Предупредувањата за неизбежен глад на северот на палестинската територија во март не се остварија, но извештајот поддржан од ОН денеска објави дека 495.000 луѓе, околу 22 отсто од населението во Газа, се уште се соочуваат со „катастрофално ниво на акутна несигурност со храна“.

Уште 750.000 луѓе се во вонредна ситуација поради несигурно снабдување со храна, се вели во соопштението.

Светската програма за храна на ОН (ВФП) рече дека новиот извештај „дава јасна слика за гладта“.

Зголемените испораки на храна во северниот дел на Газа помогнаа да се намалат најлошите нивоа на глад, но ситуацијата останува опасна, наведе ВФП, предупредувајќи дека ситуацијата се влошува на југ.

-ВФП сега стравува дека јужниот дел на Газа наскоро може да се соочи со катастрофалните нивоа на глад што претходно беа забележани во северните области, се вели во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен