Османи: Западен Балкан за Русија е платформа за минирање на ЕУ одвнатре, Северна Македонија во новиот светски поредок е на страната на демократските земји

„Регионот е сериозна платформа за Руската Федерација да ја минира Европа од внатре. Освен од надвор преку Украина, и од внатре“, истакнува шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, и дополнува дека е многу „важно што Соединетите Американски држави го задржаа сериозно фокусот на Балканот“

Во разговорот со министерот за надворешни работи Бујар Османи, тој го потенцира исклучително индикативниот ангажман на САД во Европа и на Западен Балкан за да се затвораат важните прашања во регионот како што се односите Косово-Србија, забрзувањето на процесот за функционалност на Босна и Херцеговина, за консолидирање на европската идеја во Северна Македнија и стратешкиот дијалог како сериозен механизам за односите САД-Северна Македонија, кои сега доаѓаат до израз.

„Ние сме прва држава што го започна стратешкиот дијалог што е уште едно признание за нас од страна на САД и САД се за нас партнер без кој се не може во однос на нашите интереси како држава“, посочува Османи.

Без разлика што на новото преструктуирање на светот темпото му го даваат големите сили и сојузи, тоа секако ќе влијае и ќе ги повлече и сите останати земји во светот, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, и додава дека изборот на Северна Македонија е веќе определен и во новиот светски поредок нашата земја ќе биде на страната на демократските земји.

„Оваа определба произлегува од веќе утврденото членство на Северна Македонија во НАТО, од отпочнатите преговори за членство во ЕУ, и од статусот на партнер во стратешкиот дијалог со САД, од што природно произлегува дека нашите сојузници во овие процеси се Европската Унија и САД“, вели Османи за Рацин.мк.

Треба да знаете
Moже да ве интересира