Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Премиера на документарецот „Приспивни сирени“ на Атовска, воен известувач од Украина

Вечерва (27.02.2023, понеделник), со почеток во 20 ч. во киното „Милениум“ ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Приспивни сирени“ („Siren Lullabies“) на Кристина Атовска.

„Приспивни сирени“ е независен долгометражен документарен филм кој ги покрива првите четири месеци од војната во Украина.

Се работи за лична приказна, раскажана од авторката, која беше единствената македонска новинарка во Украина. Филмот им дава глас на оние кои не можат да бидат слушнати, во овој случај, поради војната во нивните дворови и во неговиот фокус се луѓето кои одлучија да останат да живеат во војна: преку нивните стории ги гледаме сите лица на војната, од злосторства против цивили, до солидарност како форма на отпорот. 

Филмот на Атовска доловува како би се чувствувале кога би морале да ги промениме секојдневните рутини за да преживееме барем уште еден ден под дождот од бомби и константна закана. Во него Надја Мелешенко, Алена Крисенко, Дмитро Ситко, Јарослав Клашторни, фармацевтот Илија, Дмитро Витик, хирургот Сергеј, Валериа Мелник, Владимир Лурчук, Игор Терехов, Кристијан Луц, Џек Рос, Володимир Сапехин, Тимур и неговата екипа, Виталиј Алексеевич, Оксана Димитриева, Емир Абдулаев…

Продуцент на филмот е Виктор Петрески (In Digital Production), украински копродуцент е Олександер Недбаев (Prime Story Production). Мајда Бошњак е асистент на режија, а композитор на музиката е Златко Ориѓански.

Треба да знаете
Moже да ве интересира