Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Советот на ЕУ и ЕП постигнаа договор за постепена забрана на супстанциите што ја уништиваат озонската обвивка

Советот на ЕУ и Европскиот парламент денеска постигнаа привремен политички договор за постепена забрана на супстанциите што ослободуваат флуорираните гасови, кои го предизвикуваат глобално затоплување и ја уништуваат озонската обвивка.

Иако актуелното законодавство на ЕУ веќе значително ја ограничи емисијата на овие гасови, новите правила дополнително ќе го намалат нивното ослободување во атмосферата и ќе придонесат за ограничување на растот на глобалната температура.

Шпанска министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици Тереза Рибера Родригез, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, го поздрави постигнатиот договор, нагласувајќи дека овие супстанци имаат негативно влијание врз „здравјето на Планета“ и мора постепено да се укинат.

– Договорот е важен чекор во нашата заедничка цел за борба против климатските промени и ќе ни помогне да ги достигнеме нашите амбициозни климатски цели, додаде Рибера Родригез.

Според привремениот договор, како што јави дописникот на МИА од Брисел, употребата на флуоројаглеводороди треба да се намали за најмалку 15 отсто до 2036 година, со амбиција за нивна постепена целосна забрана за производството и употреба до 2050 година.

Согласно договорот, се предвидува целосна забрана за продоажба на производи и опрема што содржат флуорираните гасови, како фрижидери, ладилници, клима уреди, пени и аеросоли.

Постигнатиот договор ќе биде доставен на разгледување до Советот на постојаните претставниците на земјите членки на ЕУ (Корепер) и до Комитетот за жив

Треба да знаете
Moже да ве интересира