Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Во јануари ќе бидат исплатен вториот дел од антикризниот пакет кој ќе се исплаќа до април, по изборите ќе има нови мерки

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека во тек е имплементацијата на мерките од деветиот пакет на антикризни мерки, а на 23 јануари ќе бидат исплатени и вториот дел од финансиската поддршка и тие ќе се исплаќаат до април.

Таа порача дека по изборите ќе се креираат нови мерки коишто ќе значат поддршка на граѓаните и нови политики за подобар животен стандард за граѓаните. Во фокусот, како што рече, ќе бидат социјално ранливите категории на граѓани, материјално необезбедените граѓани, работниците, пензионерите со ниски пензии.

-Во фокусот на новите мерки ќе бидат ранливите категории на граѓани, материјално необезбедените граѓани, работниците, пензионерите со ниски пензии. За пензионерите имаме во план да создадеме мерки кои ќе бидат трајни мерки, но секако не ги забораваме ни младите, односно сите оние коишто се вклучени во процесот на образование, додаде Тренчевска.

Таа се осврна и на усогласувањето на минималната плата како дел од мерката минатата година, при што посочи дека согласно статистичките пдоатоци од страна на Државниот завод за статистика, проекцијата е дека околу 23.000 денари ќе биде висината на минималната плата во државата, што значи дека под тој износ нема да има ниту една плата во државата.

-Тоа е основната плата и на тој износ се утврдуваат минат труд и други додатоци зависно од работната позиција и дејноста каде што е вработен работникот, потенцираше министерката.

Таа посочи дека после 15 години преговори со Синдикатот, потпишен е и новиот општ колективен договор за јавниот сектор. 

-Успеавме во 2023 година да го потпишеме колективниот договор за јавниот сектор и тоа е една значајна придобивка за сите вработени во јавниот сектор со оглед на сите дополнителни права кои ги добиваат со одредбите од општиот колективен договор. Пред се, зборувам за одредени сектори кои за првпат добија к-15, а од следната година веќе се проектирани парите во буџетите за сите институции и претпријатија во јавниот сектор да добијат најмалку 30 проценти висина на регресот за годишен одмор, рече Тренчевска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира