Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Триесет возрасни и 12 деца меѓу затруените со чад во пожарот во зграда во Чаир


Директорот на Клиниката за Токсикологија, Андон Чибишев изјави дека на клиниката се обратиле околу триесет лица со симптоми на труење со чад. Повеќето од нив се пуштени на домашно лекување, но четворица постари пациенти со потешка клиничка слика се задржани на болнички третман.

На Детската клиника биле донесени 12 деца, најмалото на петмесечна, а најголемото на 11-годишна возраст. Сите имале симптоми на труење со чад. Само две деца се задржани, а останатите на барање на родителите биле пуштени дома.

Покрај цивилните лица, и еден пожарникар и еден полицаец се јавиле на лекарска помош поради вдишување на чад при гасењето на пожарот.

Над стотина лица беа евакуирани од зградата во која избувна пожарот, а интервенцијата на пожарникарите сè уште е во тек.

Интервенцијата на пожарникарите сè уште е во тек, а во гаснењето на пожарот се вклучени 20 пожарникари со седум противпожарни возила.

Зачлени се на нашиот е-билтен