Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Варшава ги обвинува Москва и Минск за организиран прилив на мигранти на белоруската граница со Полска

Шеесет и тројца полски воени лица се повредени од почетокот на оваа година во инциденти со мигранти кога се обиделе да ги запрат на границата со Белорусија, соопшти денеска владата во Варшава.

Полска, која е на источното крило на Европската унија и НАТО, во моментов разгледува построги барања за азил.

Варшава ги обвинува Москва и Минск дека организираат прилив на мигранти на белоруската граница со Полска со цел да го дестабилизираат регионот и ЕУ. Режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрла тие обвинувања.

– Шеесет и тројцата војници се повредени од мигранти додека се обидувале да спречат илегално преминување на границата , изјави за медиумите полскиот заменик-министер за одбрана Павел Бејда.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново