Српската полиција привела државјанин на Северна Македонија во Врање, под сомнение дека сторил продолжено кривично дело измама, пренесоа српските медиуми
Според информациите од српската полиција, осомничениот С.К. (1970) од 4 до 13 јуни годинава телефонски контактирал тројца граѓани од областа на Врање, јавувајќи им се на фиксните телефони.
Тој, како што се наведува, се претставувал како лекар од Северна Македонија и им кажувал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени.
На тој начин ги довел во заблуда, по што одел на нивните адреси и земал поголеми суми пари.
Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава.
